Ансамбл за народни песни и игри „Филиграни“ – Охрид, Македонија
  • пријавени учесници – разиграно оро

    Zespol Zbojniczek - Poland
    KUD "Zahumlje" - Niksic, Montenegro
    Ruma - Serbia

    види повеќе

    ПРЕСПАНСКИ ИГРИ  ::видео:: (n/a MB)

    • Инспирирани од богатиот фолклор од Преспанскиот дел на Егејска Македонија. Притоа, особено до израз доаѓа грациозноста и убавината на ората, богатсвото на музиката и специфичноста на носиите.

     

    ВОДАРКИ  ::видео:: (n/a MB)

    •  Игра во која е прикажан дел од секојдневниот социјален живот на девојките, односно нивното одење на вода. Оваа постановка е склоп од различни игри и елементи од повеќе региони во Македонија. Носијата е од Полог, а ората кои се играат потекнуваат претежно од источна Македонија.

     

    ПИРИНСКО ПРОЛЕТНО ЦВЕЌЕ  ::видео:: (n/a MB)

    • Инспирирана од богатиот фолклор од Разлошкиот крај на Пиринска Македонија. Кореографијата изобилува со елементи кои го отсликуваат фолклорниот дух на овој дел од етничка Македонија.

     

    ЕГЕЈСКО  ::видео:: (n/a MB)

    • Инспирирана од богатиот играорен и музички фолклор од Егејска Македонија, поконкретно од Костурско. Оваа кореографија навистина во целост го покажува стилот на машко и женско народно играње од овој крај. Низ карактеристичните женски ора Бајраче и Женското и машкото оро едноставно наречено Машко,впечатлива е елеганцијата и грациозноста на играњето,но и на носиите. Постановката започнува со карактеристичната Костурска песна Мори одајо шарена,а завршува со веселото и разиграно,но повторно грациозно мешано оро Кршалми.

     

    КОПАЧИЈА   ::видео:: (n/a MB)

    • Оро кое потекнува од областа Копачка, Кичевско, Западна Македонија. Машките ора се разликуваат од женските ора, во кои се вплетени обичаи, фолклор на богати носии и слично, од овој регион. Тука се вбројуваат ората Четворка, Малесора, Свекрвино оро и други, а како песни се присутни Ангелино моме и други.

     

    СВАДБА  ::видео:: (n/a MB)

    • Фолклорна драма инспирирана од најбитниот момент во човековиот живот. Низ обичаите,песните и игрите во целост е доловен духот на македонската свадба конкретно инспирирана од Скопскиот регион.

     

    ОХРИДСКИ ИГРИ  ::видео:: (n/a MB)

     

    ПЛЕТЕНКА  ::видео:: (n/a MB)

    видео
    пријатели
    социјални мрежи

    Unable to display Facebook posts.
    Show error

    Error: Unsupported get request. Object with ID 'AnsamblFiligrani' does not exist, cannot be loaded due to missing permissions, or does not support this operation. Please read the Graph API documentation at https://developers.facebook.com/docs/graph-api
    Type: GraphMethodException
    Code: 100
    Subcode: 33
    Please refer to our Error Message Reference.